July 26, 2025

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Вчера околу пладне во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице.

По преземените мерки и извршениот увид, како што информираа денеска од СВР Охрид, било констатирано дека станува збор за 55-годишен скопјанец со иницијали И.Д.

„Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се наведува во соопштението.






Alsat

Read Previous

Фидан ќе биде домаќин на Балканската мировна платформа во Истанбул

Read Next

16-годишното девојче додека се капело било одвлечено по течението на реката Вардар