July 19, 2025

„Ербас А350“ на Туркиш ерлајнс за прв пат слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Авионот на Туркиш ерлајнс, „Ербас А350“, еден од најголемите и најмодерните патнички авиони во светот, за прв пат слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Ербас А350, кој слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во 07:55 часот со лет ТК 1003, Туркиш ерлајнс генерално го користи за долги дестинации. Ова е прв пат Туркиш ерлајнс да реализира лет до аеродромот во Скопје со авион од оваа големина.

Турските спортисти кои ќе учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал 2025 (ЕМОФ 2025) што ќе се одржи во Северна Македонија и другите патници кои пристигнаа на Меѓународниот аеродром „Скопјe“, ги пречека Улкер Шуле Аксој, директорката на Туркиш ерлајнс – Скопјe.

– Ербас А350

Авионот „Ербас А350“, кој Туркиш ерлајнс го користи од 2022 година, има вкупен капацитет од 316 седишта, вклучувајќи 28 во бизнис класа и 288 во економска класа.

Овој авион, кој Туркиш ерлајн генерално го користи за долгите релации, е модел од серијата ‘eXtra Wide Body’ на „Ербас“, познат по своето тивко работење и еколошка прифатливост.

Авионот „Ербас А350“, кој се карактеризира со својата висока ефикасност, долг долет и моторен систем со ниска потрошувачка на гориво, на патниците им нуди голем комфор со својата модерна кабина.

– Турските спортисти се стремат кон успех на ЕМОФ 2025

Покрај другите патници, во авионот на Туркиш ерлајнс се наоѓаа и турските спортисти кои ќе учествуваат на ЕМОФ 2025, кој ќе се одржи помеѓу 20 и 26 јули во Скопјe и Куманово.

Омер Кутлуај, капитенот на турската национална кошаркарска репрезентација, во изјава за Анадолу рече дека нивната група на ЕМОФ ги вклучува Франција, Северна Македонија и Латвија и дека ги очекуваат тешки натпревари.

Нагласувајќи дека тренирале напорно и се подготвени, Кутлуај изрази надеж дека „ќе завршат со медал или шампионска титула“.

Зборувајќи за своето искуство летајќи со „Ербас А350“ на Туркиш ерлајнс, Кутлуај рече: 

„Беше убаво и комфорно. Тоа е голем авион. Долго време не сум бил во голем авион и летот беше многу удобен. Спиев, беше добро.“

Џејлин Кујан, капитенката на турската национална одбојкарска репрезентација, изјави дека имаат поставена висока цел на ЕМОФ и дека сакаат да станат шампионки.

Истакнувајќи дека нивната група ги вклучува Италија, Словенија и Северна Македонија, Кујан рече: 

„Ќе играме против Словенија првиот ден. Ако победиме, нашите шанси за продолжување од групата се зголемуваат. Се надевам дека турнирот ќе помине добро.“

Нагласувајќи дека е многу задоволна од летот, Кујан продолжи со зборовите: 

„Многу сме задоволни. Сè беше одлично. Авионот беше многу удобен и затоа, многу сме им благодарни на Туркиш ерлајнс“.

Сарп Баркин Хасај, кој ќе се натпреварува во категоријата пливање на EМОФ, рече: 

„Ќе пливам на 100 метри и 200 метри грбно. Верувам дека ќе постигнам голем успех за мојата земја“.

Read Previous

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Read Next

ЦУК: Активни 4, изгаснати 27 пожари во земјава