July 8, 2025

Мицкоски: Ветивме и остваривме – пуштен е во употреба мостот кај Башино село

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата патна делница во Велес, каде изјави дека проектот е успешно завршен и дека веќе се користи од товарни и патнички возила.

„Јас немам што дополнително да додадам на она што веќе го кажаа и градоначалникот и директорот. Можеби една мала корекција – повеќе не треба да ја користиме честичката ‘ќе’, затоа што патот е веќе пуштен во употреба. Возила веќе се обраќаат тука – и товарни и патнички – што значи дека безбедноста е на прифатливо ниво“, рече Мицкоски.

Тој се заблагодари на сите институции и лица кои учествувале во реализацијата на проектот, нагласувајќи ја брзината и ефикасноста на процесот.

„Во мое лично име, сакам да им се заблагодарам на сите – почнувајќи од колегите од Универзитетот ‘Кирил и Методиј’, Градежниот факултет, па до тимот на Јавното претпријатие за државни патишта, директорот, Општина Велес, потпретседателот на Владата и министерот за транспорт, Министерството за внатрешни работи, изведувачите и сите останати. Ова беше еден брз и ефикасен потфат, и конечно мислам дека ќе обезбедиме побрз и побезбеден транспорт во рамки на Велес“, додаде премиерот.







TV21

Read Previous

Вчера казнети 902 возачи, 148 од нив немале возачка

Read Next

Во Србија за 24 часа активни биле 165 пожари, во Крагуевац прогласена вонредна состојба