July 8, 2025

Изгорено човечко тело пронајдено по пожарот во Ѓорче Петров во Скопје

Во пожарот што избувна вчера во близина на мостот на реката Лепенец, во околината на железничката станица Ѓорче Петров е пронајдено изгорено човечко тело, соопшти Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Пожарот зафатил сува трева и се проширил на неколку помошни простории и штали со домашни животни.

Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот.

При гаснењето, во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела на добиток, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Read Previous

НБРМ: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Read Next

Два полициски хеликоптери интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода