June 11, 2025

Системот „Сејф Сити“ ќе биде пуштен во употреба од 01.01.2026 година

Долгоочекуваниот систем „Сејф Сити“, кој треба да донесе подобрување на културата во сообраќајот, ќе почне да се имплементира од 1. јануари 2026 година, соопшти министерот Панче Тошковски.

Системот, кој предвидува камери кои ќе детектираат сообраќајни прекршоци од секаков вид, во следните месеци ќе биде и официјално законски импелментиран, со оглед дека треба да се сменат некои закони пред да биде ставен во целосна употреба.

„01.01.2026 година е термин кога ќе го имаме Сејф Сити со законска имплементација, и потоа се надевам дека ќе видиме една поинаква сообраќајна култура. На тој датум ќе ги имаме и сите влезни параметри за секое возило, односно ги собираме од 01.01.2025 до крајот на годината, и потоа почнуваме со целосна имплементација. Мораме да си го смениме односот кон сообраќајот сите ние ако сакаме да имаме помалку жртви во сообраќајот“, рече Тошковски.





TV21

Read Previous

Атина попладнево ќе остане без такси превоз

Read Next

Добра вест за студентите: Ќе добијат по 250 евра од Владата