June 11, 2025

Mинистерот Муцунски во Казахстан се сретна со својот колега Нуртлеу

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во Астана, главниот град на Република Казахстан, се сретна со Мурат Нуртлеу, заменик-премиер и министер за надворешни работи на оваа земја.

Во фокусот на разговорите на двајцата министри биле можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје.

Муцунски и Нуртлеу се согласиле дека постои значителен потенцијал за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји, особено на економско поле, со зголемување на трговската размена и поттикнување на странските директни инвестиции.

На средбата било истакнато и задоволството од досегашната соработка на мултилатерален план, а двајцата министри размениле мислења за низа актуелни прашања од регионален карактер и пошироко.

По средбата е потпишана Програмата за соработка меѓу двете министерства за периодот 2025–2027 година, како конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи.

Read Previous

Последен училиштен ден – стартува летниот распуст

Read Next

Атина попладнево ќе остане без такси превоз