June 7, 2025

Северна Македонија одигра нерешено 1-1 против Белгија во квалификациите за СП 2026

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија одигра нерешено 1-1 на домашен терен против селекциајта на Белгија во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се игра во Канада, Мексико и САД.

Во натпреварот што се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, Северна Македонија и Белгија ги поделија бодовите во натпревар исполнет со голем број шанси од страна на двете репрезентации.

Првото полувреме заврши со водство на Белгијците, благодарение на голот што го постигна Максим Де Кујпер во 29-тата минута. Македонија добро го одигра второто полувреме, зголемувајќи го притисокот врз голот на Белгија и со погодокот на Езѓан Алиоски во 86-тата минута успеа да го израмни резултатот на 1:1.

Северна Македонија и Белгија се дел од групата Ј од квалификациите за Светско првенство 2026, заедно со селекциите на Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Во Моментов, Северна Македонија е втора во групата со 5 бода зад Велс, кој има 7 бода. И двете репрезентации имаат одиграно по три натпревари. Казахстан е на третото место со 3 бода од две одиграни натпревари, додека Белгија е четврта со 1 бод и досега има одиграно само еден натпревар. Лихтенштајн се наоѓа на последното место без освоен бод на три одиграни натпревари.

Read Previous

Нема повредени, но има штети по вчерашното невреме

Read Next

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури