June 2, 2025

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ул.„Димитрие Чупоски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“–Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.





ZOOM

Read Previous

Музејот „BunkArt 2“ во Тирана ги открива тајните на комунистичката ера во Албанија

Read Next

Трибина за Оперативниот план 2025: Да се запре иселувањето на младите, луѓето во социјален ризик да се вработат