May 23, 2025

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Вчера во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и како што е соопштено од таму, било упатно назначено кај истите да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.

„Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др.
Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати.
Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.
Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е се уште во тек“, се нагласува во официјалното соопштение.

Ќе биде препорачано, на позитивните пациенти, велат од таму, да се јават на Инфективна клиника.

Нагласуваат дека Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата.

„Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално
се превземаат сите потребни мерки.
Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на
последиците од ваквата појава и се превземаат сите превентивни мерки. Во текот
на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста“, се потенцира во соопштението.




ZOOM

Read Previous

Традиционални деликатеси презентирани во рамките на „Недела на турската кујна“ во Скопје