May 21, 2025

Сиљановска одлучила кој ќе биде идниот гувернер – името денеска во Собрание

Во изјава за медиуми денеска престедателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека одлучила кој ќе биде идниот гувернер на Народната банка, но оти јавоста ќе го дознае неговото име откако предлогот ќе биде испратен до Собранието.

– Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред да заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова.

Таа потврди дека ќе биде некој од кандидатите кои се спомнуваат во јавоста.

Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција, се спомнуваа актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески. 

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер.





TV21

Read Previous

Албанскиот парламент со 67 нови пратеници

Read Next

Муцунски телефонски разговараше со шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија