May 20, 2025

Форум за културна дипломатија во Скопје

Во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска ќе се одржи третиот по ред „Форум за културна дипломатија”, во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов.

Темата на овогодишниот форум е: „Одржлив развој и културна дипломатија – поттикнување глобални партнерства”. На свеченото отворање свое обраќање ќе има министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Тимчо Муцунски.

Форумот ќе ги обедини експерти од областа на културната дипломатија, одржливиот развој и меѓународните односи, со цел унапредување на глобалната соработка и истакнување на културата како клучен елемент во градењето мостови меѓу народите.




24 İnfo

Read Previous

За 19 години во Министерството за здравство сменети дури 10 министри

Read Next

Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили