May 20, 2025

Црвениот крст на Србија донира над 15 милиони динари за повредените во пожарот во Кочани

Во акцијата за собирање донации за семејствата на повредените во пожарот во Северна Македонија, собрани се вкупно 15.301.434,40 динари, соопшти денеска Црвениот крст на Србија.

Како што се наведува, на крајот на април во Црвениот крст на Северна Македонија биле префрлени 10.004.000 динари или 85.178,88 евра.

Преостанатиот износ од 5.297.434,40 динари, се додава, ќе им биде исплатен во текот на следната недела.

Црвениот крст сака да им се заблагодари на сите граѓани на Србија кои учествуваа во акцијата и помогнаа со своите донации кои „и овојпат покажаа хуманост и висок степен на емпатија“.

Во пожар во дискотека во Кочани на 16 март на лице место загинаа 59 претежно млади лица, додека тројца пациенти подоцна им подлегнаа на повредите.

Во пожарот се повредени нешто помалку од 200 луѓе.





4News

Read Previous

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Гостивар

Read Next

За 19 години во Министерството за здравство сменети дури 10 министри