мај 3, 2025

Муцунски – Катаока: Јапонија е значаен економски партнер на Македонија

Во рамки на работната посета на Јапонија, владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Токио оствари средба со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO).

Досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји беа во фокусот на средбата.

Муцунски истакна дека Јапонија е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, при што нагласи дека нашата држава нуди одлични услови како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка.




ZOOM

Read Previous

Потпишан Меморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт

Read Next

Европската комисија го предупреди Вучиќ да не оди во Москва