мај 3, 2025

Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. Како дел од владината делегација, на средбата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.

Во фокусот на разговорите беа важни и клучни прашања за понатамошната соработка, во делот на развојната и техничка помош која Јапонската Влада во континуитет ја дава на Република Северна Македонија преку финансирање на проекти и програми во разни области.

Министерот Муцунски истакна дека Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава, со вкупна помош која надминува 430 милиони евра. Тој изрази искрена благодарност за долгогодишната поддршка и партнерство, нагласувајќи дека Јапонија оставила траен позитивен белег во институционалниот, економскиот и општествениот развој на државата.





ZOOM

Read Previous

132 лица возеле пијани во текот на вчерашниот празничен ден

Read Next

Турски ТЕХНОФЕСТ ги отвори вратите за посетителите во Турската Република Северен Кипар