април 29, 2025

Запалено „ауди“ во Чаир

Денеска во 01.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир било опожарено патничко возило „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.Х.(38) од Скопје.

Од МВР велат дека повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот на возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Skopjeinfo

Read Previous

Турската Црвена полумесечина даруваше помош во облека во Северна Македонија