април 28, 2025

Кривични пријави против едно правно и две физички лица, приредувале игри на среќа без лиценца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово, против И.Ц.(40) од Тетово – управител на правното лице и А.Х.(30) од Тетово – вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ и „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“.

На 03.10.2024, полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи извршиле контрола во правното лице, при што било констатирано дека се приредувале игри на среќа и покрај претходно изготвеното решение од страна на УЈП со кое се забранува приредување игри на среќа во рок од 30 дена. Второпријавениот, во својство на управител, овозможил да се организираат, односно приредуваат игри на среќа и забавни игри во правниот субјект, при што во касата биле пронајдени вишок на готовина во износ од 298.000 денари и 100 евра за кои не се издадени фискални сметки и биле одземени од УЈП. Третопријавениот, во својство на вработен, организирал и приредувал игри на среќа и забавни игри во правниот субјект и при извршена контрола во неговиот телефон било констатирано  дека користел веб страница и имал административни права за креирање на други корисници. Исто така, била пронајдена листа на активни играчи и достапни кредити во износ од 389.293 денари, како и листа на должници, а додека бил на смена наплатил или исплатил странски пари.





TV21

Read Previous

65 отсто од жртвите во израелските напади во Газа се жени, деца и постари лица

Read Next

Турската Црвена полумесечина даруваше помош во облека во Северна Македонија