
Од сабота (3 мај) Меѓунардониот аеродром Скопје се поврзува со Барселона и Лион.
Летовите ќе ги реализира авиокомпанијата Виз ер со субвенции од Владата.
Според информациите од прес конференцијата, за Барселона ќе има летови два пати неделно, односно во вторник и сабота, додека пак до Лион ќе има три пати, вторник, четврток и сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи.
„По тригодишна пауза пак ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат. Враќањето на оваа линија е резултат на заедничка визија, соработка и силна заложба од страна на нашите партнери Владата и Визер“, рече денеска на прес конференција Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Тој верува дека оваа линија ќе биде уште попопуларна од пред три години со многу патници.
Меѓународниот аеродром Скопје првпат се поврзува со Лион, како што рече Курт, посебен град којшто има што да понуди, под заштита на УНЕСКО и роден град на кинематографијата со атрактивна гастрономска понуда.
Курт соопшти дека таргетирани им се и дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларника во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.
Со Со финансиска поддршка од Владата на крајот на март требаше да стартува и летот Скопје Дубаи, но есо Флајдубаи но е дложен за наеесен. Олеснувањето на визниот режим што го најави Владата според раководството на ТАВ ќе донесе многу патници на најавената линија.
TV21