април 21, 2025

Уништени 1740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале  санитарни книшки со истечен рок на важност.

Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи.

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност.

Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна.

TV21

Read Previous

Казни до 10 илјади евра за трговците кои нема да ги објават цените на интернет

Read Next

По долго боледување, на 88-годишна возраст почина папата Франциск