април 20, 2025

Хрватска воведува задолжителен воен рок

Хрватска до крајот на годинава ќе ја постави правната рамка за темелно воено оспособување. Воениот рок ќе трае два месеци.

Регрутите ќе имаат право на парична накнада од околу 1.100 евра месечно, покрај сместувањето и исхраната. Времето поминато во касарните ќе им се смета во работниот стаж и ќе имаат предност за вработување во јавни и државни служби.

Се воведува и можност за цивилно служење на воениот рок. Оние што ќе се повикаат на приговор на совест, ќе имаат две опции.

Првата е служба од три месеци во Цивилната заштита, при што ќе бидат обучени за реакција при итни ситуации, како пожар, поплава или земјотрес. Тие месечно ќе добиваат по 250 евра

Другата опција е четири месеци физичка работа во локална самоуправа – чистење канали, косење трева и слично. Сè уште не е договорено дали тоа ќе им се смета како работен стаж.




Kurir

Read Previous

Скопје ќе биде домаќин на „Кампот за развој на игри DIGIAGE“ од 22 до 25 април

Read Next

Казни до 10 илјади евра за трговците кои нема да ги објават цените на интернет