June 6, 2025

Трет протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Денеска во Кочани во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.

Маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.

Семејствата на настраданите на последниот протест искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер.




TV21

Read Previous

За време на продолжен викенд на „Табановце“ за влез и излез се чека до 30 минути

Read Next

Скопје ќе биде домаќин на „Кампот за развој на игри DIGIAGE“ од 22 до 25 април