април 19, 2025

ЈСП со изменет возен ред за празничниот викенд

По повод верскиот празник Велигден, од денеска до 21 април, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието посочуваат дека граѓаните треба да ги имаат предвид измените во работното време на билетарниците и на Жичницата.

Работно време на билетарниците и центрите за персонализација:

Во сабота (19 април) – сите билетарници и центри ќе работат со редовно работно време.

Во петок (18 април) и недела (20 април) – дежурна ќе биде само билетарницата и центарот за персонализација во Транспортниот центар.

Жичницата:

Од петок до недела (18 – 20 април), Жичницата ќе работи од 10 до 18 часот.

Во понеделник (21 април) Жичницата нема да работи, како и секој понеделник и последен вторник во месецот.

Од ЈСП Скопје апелираат до граѓаните да ги планираат своите патувања навреме, особено за време на празничните денови кога возниот ред е изменет. 




Skopjeinfo

Read Previous

Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување

Read Next

Авион слета на аеродромот во Дубровник, откако непознат дрон опасно му се приближил