април 19, 2025

Досега откриени околу 300 тони небезбедна храна, вели Миланов

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека досега се откриени околу 300 тони небезбедна храна.

Според него, контролите се засилени, а најголем дел од небезбедната храна е повлечена од пазарот пред да стигне до потрошувачите.

„Вкупно се откриени околу 300 тона небезбедна храна поради неусогласености или недоследности на истата таа храна. Станува збор за кондиторски производи, млечни, сувомеснати, преработена храна, за природни минерални води, мед, овошје, зеленчук“, порача Миланов.

TV21

Read Previous

38 санкции при акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт

Read Next

Македонско бизнис присуство во Дубаи – регистрирани 52 компании