март 29, 2025

Митева: Контролите продолжуваат, активно на терен се вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

Портпаролката на Влада, Марија Митерва денеска кажа дека пет инспекциски екипи се на терен, и ги проверуваат објектите за прослави и големи собири.

„Aко до сега зборувавме за направени и завршени контроли и детално ги презентиравме бројките, денеска сакам да потенцирам дека и формално правно и административно, целата потребна документација којашто е поврзана со сите неодамнешни инспекции е целосно обработена. Целокупната постапка е завршена во форма на службен записник и е доставен до надлежните институции. Со ова, Државниот пазарен инспекторат и формално и законски го заокружи првиот дел од процесот во рекордно време, обезбедувајќи ефикасност и усогласеност со прописите.

Како второ, сакам да информирам дека од денеска пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, како што веќе и најавивме. Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат.

Нашата влада не е тука да врши аналитички пристап без конкретни чекори. Тука сме да дејствуваме. Нема да дозволиме беззаконие или двојни стандарди и ќе продолжиме да ја зајакнуваме институционалната ефикасност сѐ со цел да обезбедиме правилата да важат за сите подеднакво. Јавноста заслужува безбедност, правичност и институции кои ѝ служат, а не обратно.

Остануваме посветени на оваа мисија, а за резултатите од нашите напори, за наодите и активностите коишто се преземени како дел од овој процес редовно продолжуваме да ве информираме.“, вели Митева.

TV21

Read Previous

Сали Мурат за протестите во Турција: Ситуацијата е целосно погрешно претставена во Македонија и во странство

Read Next

Пет пациенти од пожарот во Кочани синоќе се вратија дома по лекувањето во странство