март 29, 2025

Петмина пациенти денеска се враќаат од лекувањето во странство, информираше Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои 4 од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање.

– Добра вест е што се намалува бројот на пациенти што се лекуваат во странство. Во моментот се 113 пациенти, со тоа што вчера се врати еден пациент од Србија и една пациентка од Бугарија. Пациентите кои денеска се враќаат ќе бидат под 24-часовен надзор според протоколот, доколку конзилиумот од доктори одлучи дека треба да се пуштаат дома, ќе се пуштат на домашно лекување или ќе останат на лекување на некоја од клиниките. Најавени ни се уште 4 пациенти за враќање, но за тоа утре дополнително ќе информираме. До крај на денот во странство ќе продолжат со лекување 108 пациенти. Се надевам дека до крајот на неделата ќе имаме уште поголем број пациенти што ќе се вратат, порача министерот Таравари. 

Во моментот во болниците во државава се лекуваат 23 пациенти, од кои четворица во Клинички центар (2 на пластична хирургија и 2 на токсикологија), 6 пациенти во Стара градска болница, 9 во ГОБ „8 Септември“ од кои еден е подготвен за испис, а во Систина се 4 пациенти. Сите овие пациенти се стабилни и во добра состојба.  

Skopjeinfo

Read Previous

Иљас за апсењето на Имамоглу: Ова не е политичка освета на Ердоган, мора да ја чекаме правната разврска

Read Next

Уапсен Црногорец, пукал низ прозорец од неговиот стан во центарот на Белград