
Фудбалската репрезентација на Македонија, во дрматична завршница не успеа да го победи Велс, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во Ј групата натпреварот во Скопје заврши 1:1 (0:0).
Македонија во овој прозорец освои четири бода, по очекуваната победа над Лихтеншѕајн (3:0) во саботата, вечерва во Скопје одигра нерешено со Велс.
Бојан Миовски во 91.минута во екстаза ги фрли навивачите на Националната арена „Тодор Проески“. Напаѓачот на Џирона го искористи подарокот на искусниот Џо Ален кој лошо одигра една повратна топка, а Миовски реагираше на прва и низ нозете на Дарлоу ја испрати топката во голот.
Сепак, избраниицте на Благоја Милевски не успеаја да ја задржат предноста. На истекот на 96.минута, Брукс ја искристи лошата поставеност во одбраната и неколкуте грешки на нашите фудбалери и го совлада Димитиревски.
Столе Димитиревски прими гол по 711 минути, откако претходно шест натпревари остана несовлдан.
Што се однесува до самиот натпревар, Велс ја контролираше играта. Имаа играчите на Крег Белами неколку обиди, но без сериозна закана по голот на Димитиревски.
Македонија првиот шут во рамките на голот го имаше во 65.минута, кога Дарлоубрилијантно го одбрани ударот на Чурлинов. Неколку минути подоцна по центаршутот на Томас, Џонсон шутираше, а Муслиу интервенираше од гол линијата.
Македонија квалификациите ќе ги продолжи во јуни, со дуелите против Белгија во Скопје и Казахстан во Астана.
ZOOM