март 17, 2025

Ден на жалост во Северна Македонија, знамињата спуштени на половина копје

Во ноќта саботата кон неделата, во Кочани се случи страотен пожар во дискотека во кој животот го загубија 59 лица, додека над 100 луѓе се хоспитализирани.

Знамињата на државните институции во Северна Македонија се спуштени на половина копје поради загинувањето на 59 лица во трагичната несреќа во Кочани, јавува Анадолу.

Во ноќта саботата кон неделата, во Кочани се случи страотен пожар во дискотека во кој животот го загубија 59 лица, додека над 100 луѓе се хоспитализирани.

Поради трагедијата, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната вонредна седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на целата држава.

Од денес сите планирани настани од областа на културата за оваа недела се одложуваат, додека Агенцијата за аудио и аудовизуелни медиумски услуги (АВМУ) преку соопштение вчера им укажа на медиумите да го усогласат своето работење со деновите на жалост.

Поради трагедијата пораки на сочувство испратија бројни лидери од светот и регионот.

Помош по трагедијата понудија соседните земји, како и Туркије, која испрати амбулантен авион за транспорт на потешко повредените лица во пожарот.

Инаку, вкупно 115 пациенти се лекуваат во болниците низ земјава, а како што извести министерот за здравство, Арбен Таравари, 47 се на лекување надвор од државата.





AA

Read Previous

Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите

Read Next

Мицкоски: Ова е масовно убиство