март 14, 2025

Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде налог за приведување на Додик

Според локалните медиуми, издадена е наредба до правосудната полиција и побарана е асистенција од Министерството за внатрешни работи на РС и СИПА.

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, пренесува Анадолу.

Според локалните медиуми, издадена е наредба до правосудната полиција и побарана е асистенција од Министерството за внатрешни работи на РС и СИПА.

Обвинителството ги товари за сторено кривично дело „напад на уставниот поредок“.

Политичката криза и тензии во Босна и Херцеговина се интензивираа со усвојувањето, а потоа и со потпишувањето укази за спроведување на спорни закони во босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, со што во тој дел од земјата е забранета работата на некои од државните институции.

Указите беа потпишани од претседателот на ентитетот Милорад Додик, претходно осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Уставниот суд на БиХ законите со привремена мерка ги стави вон сила.




AA

Read Previous

Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари, над 300 апликации се пристигнати

Read Next

Полицијата вчера напиша над 700 санкции за учесниците во сообраќајот