
Новинарите во Грција започнаа генерален штрајк поради што сите медиуми го прекинаа емитувањето на вестите.
Штрајкот трае 24 часа. Организиран е од синдикатот на Панеленската федерација на новинарски здруженија.
Новинарите бараат потпишување на колективни договори за работа во сите медиумски сектори – телевизија, весници, списанија, онлајн изданија и радио.
Меѓу барањата на новинарите се минимална почетна плата од 1.250 евра, двојна плата за работа за време на викендите и надоместоци за патување.
Од Владата се бара да преземе мерки против постојано растечките цени на храната, струјата и станбените кирии.
Новинарите бараат бесплатна правна заштита во судските случаи поврзани со новинарски истраги.
Враќањето на 13 и 14 плата е меѓу главните барања на денешниот новинарски штрајк кој започна во 5 часот и ќе трае до 5 часот во среда, 12 март.
Slobodenpecat