June 9, 2025

ТИКА обезбеди 57 тони помош во храна за семејства во Северна Македонија на кои им е потребна помош

Доставени се 4.800 пакети со храна во 50 села во општините Карбинци, Штип, Велес, Лозово, Струмица, Демир Капија, Дојран, Гостивар, Кичево, Струга, Пехчево, Тетово, Сопиште, Теарце и Студеничани.

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) по повод месецот Рамазан им испорача 57 тони помош во храна на семејствата на кои им е потребна помош во Северна Македонија, јавува Анадолу.

ТИКА, во соработка со Сојузот на турските невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ), граѓанска организација која ги претставува турските невладини организации од Северна Македонија и локалните невладини организации, обезбеди помош во храна за сонародниците и сиромашните семејства во руралните области.

По овој повод доставени се 4.800 пакети со храна во 50 села во општините Карбинци, Штип, Велес, Лозово, Струмица, Демир Капија, Дојран, Гостивар, Кичево, Струга, Пехчево, Тетово, Сопиште, Теарце и Студеничани.

Со оваа помош бериќетот на Рамазан се споделува со семејствата кои се занимаваат со земјоделство и сточарство во руралните средини и кои имаат ниски приходи, велат од ТИКА.




AA

Read Previous

Сиљановска–Давкова на средба со Гордан Јандроковиќ: Разговори за евроинтеграциите, билатерални односи и безбедносната ситуација

Read Next

Македонија стана членка на СЕПА