март 6, 2025

Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор Јандроковиќ

Со свечена церемонија пред Собранието, претседателот Африм Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на државата.

Посетата започна со тет-а-тет средба помеѓу Јандроковиќ и Гаши, по што следуваа разговори меѓу делегациите на двете земји, на кои учествуваа и двајцата претседатели на парламентите.

Како дел од посетата, Јандроковиќ ќе се потпише во Книгата на впечатоци, а потоа следуваат изјави за медиумите на претседателите на Собранието. Во рамките на официјалната програма, хрватскиот претседател ќе се обрати пред пратениците во 37. седница на Собранието.

Покрај тоа, Јандроковиќ ќе има средба со Благица Ласовска, претседателка на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Хрватска, како и со членовите на оваа група.




TV21

Read Previous

Турција ќе гради ѕид од 200 километри на границата со Грција

Read Next

Градоначалникот Стефковски приреди ифтар вечера во чест на Рамазан Бајрам