март 6, 2025

Уапсен скопјанец откако со автомобил удрил во велосипедист, го усмртил на самото место

Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од 78-годишниот Б.К од Скопје.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода.

„Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.





Skopjeinfo

Read Previous

Орбан: Срамен е односот на ЕУ кон Македонија, процесот оди многу бавно

Read Next

Министерството за култура се обидува да ја оправда незаконитоста при изборот на директор на Филхармонија