март 1, 2025

Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска од Тетово на новинарско прашање дали МВР има вработени за примена на системот „безбедна држава“, рече дека секаде во земјава има недостаток на полициски службеници, но дека има превработеност во други сектори на министерството.

„Во делот на оние позиции каде што има тешка работа, работа која што е на терен, да го загрози својот живот за да може граѓаните да живеат безбедно и сигурно, таму секогаш ни недостасуваат полицајци. Од другиот дел, комотниот дел, каде што не се изложени на дожд, на ветер, на улица, таму имаме вишок на вработени. Во иднина се преземаат оперативни планови и активирање на сите оние недоволно употребени вработени во МВР, и ќе видите, времето ќе покаже, и ќе видите разлика во споредба со претходно“, рече Тошковски.

Тошковски рече дека системот „клати врата, земај плата“ го имало и во МВР, но дека се подготвува промена на закон со кој ќе заврши и ова.




TV21

Read Previous

По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица

Read Next

Распределбата на судските предмети се врши електронски