
Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.
„Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција“, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.
Skopjeinfo