февруари 21, 2025

Се одложува воведувањето на правилата за влез во земјите на ЕУ кои требаше да важат и за македонските граѓани

Новиот систем ЕТИАС, со кој државјани на 50 земји, меѓу кои и Македонија, не им е потребна виза за влез во земјите од Шенген зоната, се одложува.

Најавеното воведување на системот, требаше да почне со примена во ноември 2024 година. Потоа се одложи за првата половина од оваа 2025 година, но сега не е прецизирано за кога е планирано воведувањето на системот. 

ЕУ прво ќе го воведе системот ЕЕС, а потоа и системот ЕТИАС, но датумот останува непознаница.

Системите ЕЕС и ЕТИАС имаат за цел да ја зајагнат безбедноста и да ги забрзаат процедурите за влез во ЕУ. 

Со новиот систем, секој граѓанин кој ќе сака да влезе во земја од ЕУ, својот влез го најавува он-лајн.

Првиот систем EEC (Entry/Exit System), кој е автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани кои не се членки на ЕУ и кои патуваат на краток престој, односно транзит на која било од земјите членки. Од овој систем првично ќе бидат исклучени Кипар и Ирска кои и натаму ќе ставаат печати во пасошите на патниците. Под краток пресој се подразбира престој од 90 дена. Системот нема да важи за оние кои имаат дозволи за престој во ЕУ, како и за оние со регулирани визи.

Откако ќе почне да функционира ЕЕС, ќе биде воведе и ЕТИАС систем. Тоа е систем кој дигитално ќе ги прикажува и следи патниците кои влегуваат и излегуват од земјите на ЕУ. Системот ќе ги проверува безбедносните податоци за патниците, и ќе наплаќа надомест. Во иднина сите кои сакаат влез во ЕУ земја, ќе мора да се регистрираат и да платат еднократен надомест. Процедурата за регистрација ќе биде онлајн, или на компјутер или со мобилна апликација, и ќе може да се пријават сите кои поседуваат биометриски пасош.

За секое пријавување ќе треба да се плати надомест од 7 евра, исто така онлајн. Од плаќање на надоместокот се ослободени лица под 18 и над 70 години возраст, како и членови на семејство на државјани на ЕУ или на лица кои имаат регулиран престој во ЕУ. 

TV21

Read Previous

Шест лица повредени во железничка несреќа во Бугарија

Read Next

Вчера над 300 санкции за неправилно паркирање, казнети и 17 пешаци