февруари 21, 2025

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Агенцијата за разузнавање

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова вчера ја оствари првата работна посета на Агенцијата за разузнавање. За време на посетата, на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ беше претставен Годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2024 година како и тековните и среднорочните регионални и национални безбедносни закани, ризици и предизвици.

Сиљановска-Давкова во разговор со раководството на Агенцијата се запозна со оперативните, аналитичките, техничките и кадровските капацитети и можностите за нивно понатамошно унапредување.

За време на посетата на претседателката се разговараше и за 30-годишнината од донесувањето на првиот закон за Агенција за разузнавање, што соодветно ќе биде одбележана во март годинава, соопшти АР.



Skopjeinfo

Read Previous

Претседателот на Собранието Африм Гаши добил закани по е-мејл

Read Next

Во изминатите 24 часа без поголем земјотрес кај Санторини