
На денешната седница, Владата одлучи да воведе ограничување на маржите за над 1000 производи, со цел стабилизирање на цените на основните прехранбени и хигиенски артикли.
„Опфатени ќе бидат млекото, брашното, јајцата, киселото млеко и други. Ограничени маржи ќе има и за свежото овошје и зеленчук, но и на средствата за лична хигиена“, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Исто така, се утврдуваат највисоки дозволени цени за осум групи производи, при што ќе се применуваат цените што биле во сила на 1 февруари.
„Нашите очекувања се дека со овие две одлуки, цените ќе се намалат во просек за 10 отсто“, додаде Ристески.
TV21