февруари 22, 2025

Во Канбера одбележани 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Австралија, присуствуваше и се обрати на настанот со кој беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Австралија.

На настанот свои обраќања имаа и Ана Али, министер за локална самоуправа и млади на Западна Австралија и Касандра Фернандо, пратеник во австралискиот парламент.

Во своето обраќање пред претставниците на македонската заедница, истакнати стопанственици, министри од федералната и регионалната влада, пратеници и претставници на дипломатскиот кор, министерот Муцунски ги истакна позитивните впечатоци од посетата и изрази задоволство од одличните билатерални односи, изградени во изминатите три децении.

Министерот Муцунски нагласи дека оваа прва посета на високо политичко ниво по 15 години претставува силна потврда за заемната заложба за интензивирање на политичката, економската, културната и севкупната соработка од заемен интерес. Иако досегашната соработка опфати многу општествени сегменти, тој посочи дека пред двете земји стои голем потенцијал кој допрва треба да се искористи.

Посебен акцент беше ставен на улогата на македонската дијаспора во Австралија, која претставува силен мост меѓу двете земји, поттикнувајќи културни и економски врски. Министерот Муцунски ја истакна важноста на дијаспората како двигател на билатералната соработка и фактор што придонесува кон континуирано јакнење на пријателските односи помеѓу Северна Македонија и Австралија.

Skopjeinfo

Read Previous

Мицкоски во дводневна посета во Германија: Ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција

Read Next

Турската амбасада во Скопје организираше презентација на турски ракотворби