![](https://timebalkan.mk/wp-content/uploads/2025/02/IMG_7005.jpeg)
Во центарот на тензиите беше случајот со апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, при што пратениците од опозициската партија, Демократската партија на Албанија (ДП), побараа премиерот Еди Рама да биде присутен на седницата. Тензиите се зголемија по меѓусебните обвинувања меѓу пратениците и по неколкуте барања за збор од страна на опозициските пратеници.
Неколку пратеници на ДП ја блокираа говорницата, фрлаа шишиња со вода и други предмети кон министрите, а се судрија и со вработените во собраниското обезбедување. При тензиите беше оштетена и техничката опрема на Собранието.
По тензиите, претседателката на Собранието, Елиса Спиропали, неколку пати ја прекинуваше седницата и ги повика пратениците од опозицијата да избегнуваат тензии и фрлање предмети по министрите.
„Тука не можете да правите судски процеси, не можете да ги прогласувате луѓето за криминалци и крадци како ќе ви текне вам, не можете да газите на нивното достоинство. Оваа седница веќе не може да продолжи со навреди, пцовки, клевети и тепања“, рече Спиропали, обраќајќи им се на пратениците од опозицијата.
Во својот говор на седницата, лидерот на ДП и поранешен премиер, Сали Бериша, рече дека бара итно враќање на премиерот Рама во Парламентот.
Одговарајќи на обвинувањата на пратениците од опозицијата против градоначалникот Велиај, државниот министер за собраниски односи во Владата на Албанија, Таулант Бала, изјави дека тоа е сѐ уште на ниво на сомнежи, повикувајќи се на правото на презумција на невиност.
На денешната седница, покрај интерпелацијата против министерот за внатрешни работи, Ервин Хоџа, беше предвидено и гласање за неколку предлог-закони. Седницата е одложена за 17 февруари.
– Апсењето на градоначалникот Велиај
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, беше уапсен на 10 февруари, поради сомневање за корупција и перење пари, додека неговата сопруга Ајола Sоѕа е осомничена за корупција, перење пари и лажно пријавување имот.
Потсетуваме дека албанската опозиција со месеци организира протести на кои се бара „да се судат случаите на корупција во Општина Тирана“, како и оставка на градоначалникот Велиај.
Велиај е градоначалник на Тирана од 2015 година, претходно имал и функции во Владата на Албанија, а служел и како пратеник во албанското Собрание.
AA
Денешната седница на албанското Собрание беше проследена со тензии и дебати меѓу пратениците од парламентарното мнозинство и опозицијата, јавува Анадолу.