![](https://timebalkan.mk/wp-content/uploads/2025/02/thumbs_b_c_f5a6d8d3c104d131f2bc67cad50c25c0.jpg)
Финансиска полиција поднесе кривична против неколку лица вработени во АД ЕСМ.
Поради бојкотот на продавниците во саботата, 8 февруари, петте најголеми трговски синџири во Црна Гора забележаа пад на прометот од 30,23 отсто во однос на 1 февруари, покажуваат податоците на Даночната управа, пренесува Анадолу.
Како што јави црногорската агенција МИНА, на 8 февруари маркетите оствариле промет од 2,96 милиони евра, а на 1 февруари, кога немаше бојкот, прометот изнесуваше 4,24 милиони евра.
Податоците на Даночната управа покажуваат дека прометот најмногу паднал во централниот дел на земјата и тоа за 35,86 отсто.
Во северниот дел на земјата е забележан пад на прометот од 30,62 отсто, а во јужниот дел во касите на маркетите имало 21,5 отсто помалку пари.
Бројот на издадени сметки бил понизок за 18,15 отсто.
Во земјите од регионот на Балканот последните недели се организира бојкот на купувањето поради високите цени.
AA