февруари 12, 2025

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на министер за надворешни работи на Македонија во Австралија по 15 години.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на министер за надворешни работи на Македонија во Австралија по 15 години.

Оваа посета се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во рамките на посетата министерот Муцунски денеска оствари билатерална средба со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг. На средбата министрите ги потврдија одличните билатерални односи помеѓу двете земји и разменија ставови за актуелните геополитички предизвици вклучувајќи прашања поврзани со регионалната стабилност и глобалната безбедност.

Министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што локалните и федералните власти во Австралија ја даваат за зачувување на македонскиот идентитет и изучување на македонскиот јазик, како и за напорите на македонската дијаспора во промоцијата и зачувувањето на македонската култура и традиција.

Министерката Вонг ја нагласи значајноста на оваа прва министерска посета по речиси две децении истакнувајќи ја нејзината симболика во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Двете страни се согласија за клучната улога на македонската дијаспора во билатералните односи и изразија подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог и зајакнување на билатералната соработка, со посебен фокус на економските односи помеѓу двете земји.

Skopjeinfo

Read Previous

Пратениците не дадоа поддршка за предлогот за патните трошоци

Read Next

НАТО е подготвен да соработува со новата косовска влада, вели Руте