февруари 7, 2025

Вучиќ: Нова влада во Србија до 20. март или одиме на вонредни избори

Владата на Србија, доколку се формира, треба да се формира до 19 или 20 март, а ако не, тоа значи дека изборите најверојатно би се одржале на почетокот на мај, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Говорејќи за Радио телевизија на Србија (РТС) во четвртокот вечерта, тој истакна дека „оставката на владата и нејзиниот премиер Милош Вучевиќ треба да биде објавена најдоцна околу 17 февруари“.

Тој посочи дека тоа значи дека од 17 февруари ќе почнат да течат роковите од 30 дена за формирање влада или распишување избори.





TV21

Read Previous

До училиштата стигнале над 240 дојави за поставени бомби, сите се лажни

Read Next

Муртезани на средба во грчкиот Парламент