Според информациите, најмалу шест училишта утрово низ главниот град се евакуирани поради анонимни дојави за експлозивни направи.
Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани, меѓу нив и ОУ Александар Трети Македонски. Исто така дојдовме до информација дека најмалку едно училиште во населбата Железара е евакуирано поради дојава за бомба. Станува збор за училиштето Григор Прличев. Дојава за бомба имало и во Петар З. Пенко во Бутел. Евакуирани биле и три училишта во Општина Центар.
Дојави за бомби имало и во Штип, јавува „М-нет“. Има дојави за бомби и во Битола, поточно во училиштето „Гоце Делчев“.
Во 2022 година имаше многу анонимни дојави за бомби низ училиштата во земјава. МВР потоа ги смени протоколите за постапување кога има дојави за бомби, односно наставата да може да продолжи откако ќе се утврди дека дојавите се лажни.
Последните неколку недели дојави за бомби имаше и во Хрватска, Унгарија и Полска.
TV21