![](https://timebalkan.mk/wp-content/uploads/2025/02/Makedonija-Bugarija-zname.png)
„И во минатото имавме средби со највисокото бугарско раководство, со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во наредниот период да имаме средби на различно ниво. Нормално е да градиме односи со соседите. И тоа не е за изненадување, оти ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат. Повторно ќе си бидеме соседи. Но, тоа не значи дека ние се согласуваме на некои теми што нè разделуваат. Затоа сум поборник да разговараме за теми што нè зближуваат“, кажа премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за евентуални средби со новото бугарско раководство откако министерот за европски прашања Орхан Муртезани вчера рече дека имал сознанија оти бугарската страна е подготвена за разговори.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската влада, а тоа, како што рече, не е нешто за изненадување, бидејќи нормално е да разговараме со соседите и да градиме добрососедски односи.
„И во минатото имавме средби со највисокото бугарско раководство, со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во наредниот период да имаме средби на различно ниво. Нормално е да градиме односи со соседите. И тоа не е за изненадување, оти ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат. Повторно ќе си бидеме соседи. Но, тоа не значи дека ние се согласуваме на некои теми што нè разделуваат. Затоа сум поборник да разговараме за теми што нè зближуваат“,рече тој.
Посочи дека нивниот став е јасен и непроменлив, како и дека смета оти државата изминатите две и пол децении направила премногу за европските интеграции, како што никој не направил.
„Ценам дека не треба повеќе да имаме билатерални услови, туку дека треба да имаме објективни услови во процесот на преговори. И тоа не е нешто различно од она што досега сум го кажувал. И тоа ќе го кажам и на средбите од Вашингтон, преку Брисел, до Лондон, Рим, Париз, Берлин, Софија, Атина, секаде во светот. Јас верувам во ова, зашто сме направиле доволно, како што никој друг не направил во името на таа европска иднина. Македонија направила толку многу отстапки, што заслужила барем да го почне процесот“,кажа премиерот.
Според него, нема да разговара само за почетокот на процесот без да разговара и за неговиот завршеток.
„Кога ќе имам таков соговорник, нека повели, нека дојде. Во спротивно ќе си ги решаваме нашите проблеми и нашите домашни задачи“,вели Мицкоски.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вчера од Брисел изјави дека од бугарска страна имало сигнали за подготвеност за дијалог, како и дека претставникот на Бугарија во работната група за проширување на ЕУ му пренел дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување дијалог.
„Мислам дека се создава добра средина, којашто мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедските односи, туку и простор што ќе нѐ води кон заедничко прифатливо решение, кое конечно ќе нè внесе во ЕУ“,рече министерот.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, викендов прашан во интервју за бугарската БТВ, дали официјална Софија ќе ја промени позицијата, со оглед на тоа дека премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, е апсолутно категоричен дека додека е тој претседател на Владата, Бугарите нема да бидат внесени во Уставот, без јасни гаранции од Европската Унија, изјави дека доколку нема исполнување на преземените обврски, Унијата нема како да го продолжи пристапниот процес на Република Северна Македонија.
За најавите дека премиерот на С Македонија ќе побара средба со неговиот бугарски колега Росен Жељазков, Георгиев смета дека ако таква средба биде протоколарно побарана, претпоставува оти ќе биде разгледана низ призмата на нејзината сериозност.
360Stepeni