февруари 3, 2025

Утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.  

Skopjeinfo

Read Previous

Спасувачки акции на Шара – еден планинар колабирал, други пет се изгубиле

Read Next

Работодавачите бараат поддршка од Владата за покачување на минималната плата над 450 евра