јануари 31, 2025

За 5,03% поскапува парното во Скопје

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за покачување на цената на парното во Скопје ќе се зголеми за 5,03%.

Главна причина за ваквата одлука се зголемените цени на гасот. 

Претходно ЕСМ побара да се покачи цената на парното во Скопје. ЕСМ бараше промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија, кој за 2024 година изнесува 1.723.922.246 денари, како и на предадените количини на топлинска енергија од 472.622.547 kWh. Компанијата дополнително бара зголемување на трошоците за гориво за 2024 година за 12,92%.

„Денеска врз основа на поднесените барања од страна трите компании на ЕСМ коишто се занимаваат со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија одржавме и подготвителна и главна седница и врз основа на овоа донесовме одлуки со коишто цената за потрошувачите на топлинска енергија во град Скопје ќе се зголеми за 5,03%. Основна причина за ова зголемување е поради тоа што сме го предвиделе во јули како цена за природен гас сме предвиделе дека ќе изнесува 37 евра за метават час, а сега признаваме реално е дека имало зголемен трошок, признаваме зголемена цена за 16% тоа е 43 евра за мегават час“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија.

TV21

Read Previous

Муцунски на Европската конференција на Универзитетот Харвард

Read Next

Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент