Мигрантите се донесени согласно договорот што Албанија и Италија го потпишаа за имигрантските центри.
Брод на италијанската морнарица денеска пристигна во Албанија со десетици мигранти, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил, јавува Anadolu.
Бродот на италијанската морнарица „Касиопеја“ изутрината пристигна во пристаништето Шенѓин, придружуван од претставници на италијанските власти.
Мигрантите ќе бидат сместени во камп во селото Ѓадер во областа Леска, каде што ќе ја чекаат обработката на нивните барања за азил.
Властите официјално не го потврдија бројот на мигранти кои пристигнале во Албанија, но локални извори велат дека има најмалку 49 имигранти од Бангладеш, Египет, Брегот на Слоновата Коска и Гамбија.
Мигрантите се донесени во согласност со договорот што Албанија и Италија го потпишаа за имигрантските центри во ноември 2023 година.
Врз основа на договорот, во Албанија се формирани прифатни центри за мигранти.
Албанската Влада соопшти дека овој протокол има за цел да ја зајакне билатералната соработка меѓу страните за управување со миграциските текови од трети земји, во согласност со меѓународното и европското право.
AA