јануари 30, 2025

МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето

Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот.

И во изминатава, недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија со засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата. 

Од вкупно 1859 контроли низ градовите на државата, во Скопје  се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178.

Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а шеест и девет возила се исклучени од сообраќај.

TV21

Read Previous

Сиљановска-Давкова го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и оствари средба со македонистите од Полска

Read Next

Македонија ќе биде домаќин на состанок за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан