јануари 29, 2025

Посебен режим на сообраќајот во Скопје денеска и утре

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (27.01.) и утре (28.01.2025) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г.Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

TV21

Read Previous

Грција: Пратениците не успеаја да изберат нов претседател во првиот круг на гласање

Read Next

Телефонски разговор Муцунски – Саар: Чекор напред е договорот за ослободување на заложници и прекин на огнот во Газа