„Ангел си ти“ е насловена програмата со која денеска во Крушево ќе бидат одбележани 44 години од раѓањето на Тоше Проески.
Бројни фанови и поддржувачи ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, како и Спомен домот каде се наоѓаат неговите лични работи.
Од 9 до 16 часот во Спомен домот ќе се оддржи крводарителска акција, а во 11:15 часот кога Тоше се родил, ќе се положи цвеќе на неговото вечно почивалиште.
Во Крушево е најавено присуство на министерот за култура Зоран Љутков.
Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.
TV21