јануари 26, 2025

Нивото на водата во Охридското Езеро 13 сантиметри под просекот за јануари

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,22 метри надморска височина или 13 сантиметри под просекот за јануари.

Состојбата со негативниот водостој на езерото бележи извесно подобрување, откако на почетокот на декември минатата година нивото на водата беше спуштено дури два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.

Дијаметрално спротивна беше ситуацијата во 2018 година кога водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максимум определен на 693,75 м.н.в., кога достигна ниво и од 694,03 метри надморска височина или за осумдесеттина сантиметри повиско ниво отколку денеска. Таквата флуктуацијата на нивото на водата во езерото има негативни последици по многу аспекти, но најмногу се одзразува во крајбрежниот дел што е најважен во езерскиот еко-систем.

Skopjeinfo

Read Previous

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, поднесува оставка

Read Next

Автомобил удрил во паркиран автобус, едно лице повредено